Линкови за пристапност

Борењето повторно олимписки спорт


Меѓународниот олимписки комитет во неделата изгласа борењето да биде вратено на листата

Борењето го освои назад местото на олимпијадата во Токио, во 2020, откако ги порази таквите обиди од ривалските спортови сквош, безбол и софтбол.

Гласањето од неделата во Меѓународниот олимписки комитет го стави борењето назад на листата, откако го изостави овој спорт во февруари, на негодување од спортистите и навивачите.

Борењето, старо колку и самата Олимпијада, се појавуваше во речиси секои регистрирани игри.

Членот на комитетот Ричард Паунд кажа дека било грешка борењето да се симне од Олимпијадата и дека неделното гласање тоа го поправило.
XS
SM
MD
LG