Линкови за пристапност

Најтешка сезона на грипот последниве 10 години


Подобро да се спречи, отколку да се лечи: Центарот за контрола и спречување на болести препорачува да се вакцинираат сите на возраст над шест месеци.
Подобро да се спречи, отколку да се лечи: Центарот за контрола и спречување на болести препорачува да се вакцинираат сите на возраст над шест месеци.

Во некои области на САД, болниците преполни и принудени да вратат дома дел од оние кои бараат помош.

Ова е најтешка сезона на грипот во САД последниве 10 години, а епидемијата се` уште не доживела кулминација, соопшти Центарот за контрола и спречување на болести.

44 сојузни држави бележат бројни случаи на грип. Центарот наведува дека минатиот месец се удвоил процентот на лица кои бараат болничка помош поради симптоми на грипот. Во некои области на САД, болниците се преполни и принудени да вратат дома дел од оние кои се пријавуваат.

Градоначалникот на Бостон денес објави итна јавна здравствена ситуација бидејќи во градот има десет пати повеќе случаи отколку ова време минатата година.

Американски здравствени лица истакнуваат дека грипот годинава се појави во ноември, еден месец порано од вообичаеното, како и дека најпревалентната варијанта Х2Н2 е со репутација да предизвика тешка состојба на заболувањето, особено кај постарите лица.

Центарот препорачува сите на возраст над шест месеци да се вакцинираат против грипот. Во последните неколку години, вакцината беше од 60 до 70% ефикасна.
XS
SM
MD
LG