Линкови за пристапност

Црви за намалување на пластичниот отпад


Истражувачите велат дека вид на црв може да јаде пластика, и да ја разгради за помалку од еден час

Истражувачи велат дека црвот „Галериа мелонела“, може да јаде пластика, и на тој начин да помогне да се намали отпадот од еден трилион пластични кеси, кои се фрлаат во светот годишно.

„Откривме дека ларвата од овој инсект може да разгради една од најцврстите, тешко отпорни и најчесто употребувани пластики“, вели Федерика Берточини од Институтот за биомедицина и биотехнологија во Кантабрија, Шпанија.

Таа додаде дека до откритието дошле случајно, забележувајќи дупки на пластични кеси направени од овој црв.

Берточини изјави дека црвите можат да ги направат дупките за помалку од еден час.

„И после 12 часа, истражувачите увидоа очигледно намалување на површината на кесата“, објаснува таа.

Пластиката не е природна храна за овој вид црв, и истражувачите велат дека се` уште треба да проучуваат како тој ја вари храната, но оти ова откритие може да доведе до решение за намалување на пластичниот отпад.

Истражувањето е објавено во магазинот Current Biology.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG