Линкови за пристапност

Отворена новата зграда на Светскиот трговски центар во Њујорк


Повторно доминира на небото над Менхетен, 13 години по по терористичките напади на 11-ти септември

Денес започна со работа Новата зграда на Светскиот трговски центар, 13 години по терористичките напади на 11-ти септември.

Новиот облакодер на Светскиот трговски центар (во средина)

Новиот облакодер на Светскиот трговски центар (во средина)

Изградбата на облакодерот висок 541 метар чинеше 3,9 милијарди долари и сега повторно доминира на небото над Менхетен како највисоката зграда во Северна Америка. Објектот се наоѓа точно на местото каде што се издигаа кулите-близначки на Светскиот трговски центар, срушени во нападите 2001-ва, кога терористи на Ал-Каида урнаа авиони во нив. Во нападите загинаа над 2.700 лица.

Во новата зграда се наоѓаат канцелариите на медиумската компанија Конде Наст, американската Управа за општи служби, и на Кинескиот центар. Меѓу другите кираџии се и компании од областа на маркетингот, инвестициите и индустријата на забава.

XS
SM
MD
LG