Линкови за пристапност

Слободата на медиумите никогаш не била под толкава закана


Се наведува во најновиот извештај на Репортери без граници

Невладината организација Репортери без граници во денеска објавениот извештај, посочува на демократските земји, како места каде слободата на печатот изминатава недела забележала пад.

Во извештајот се наведува дека намалувањето на слободата на печатот е најнагласено онаму каде „успеал авторитарниот модел“, како во Полска, Унгарија и Турција.

„Темпото со кое демократиите се приближуваат кон крајната граница, е алармантно за оние коишто разбираат дека ако не е обезбедена слободата на медиумите, тогаш не може да се гарантира ниту една друга слобода“, изјави генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоир.

Во вкупно 62 процента од земјите каде е вршено истражувањето, за 2017-та година е регистрирано намалување на слободата на медиумите.

Норвешка, Шведска, Финска, Данска и Холандија се рангирани како земји со најголемо ниво на слобода за новинарите.

Последна е Северна Кореја, веднаш зад Еритреја, Туркменистан, Сирија и Кина.

Подобрувања од минатата година во почитувањето на медиумските слободи се забележени во Лаос, Пакистан, Шведска, Бурма и Филипините, а најголем пад е регистриран во Саудиска Арабија, Етиопија, Малдивите и Узбекистан.

САД се на 43-то место, пад од две места споредено со 2016-та.

Во извештајот на Репортери без граници се додава дека земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, важат за најопасни за работа на новинарите, по што следи регионот на Источна Европа и Централна Азија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG