Линкови за пристапност

Светската банка ја снижи прогнозата


Светската банка ја снижи прогнозата

Светската банка ја снижи прогнозата

Економскиот растеж во светот годинава само 2,5%.

Експертите од Светската банка издадоа нималку розова проценка за растежот на глобалната економија, предупредувајќи дека доколку ситуацијата и натаму се влошува, би можела да се одрази на сите земји и региони во светот.

Според Банката, светската економија годинава ќе расте со побавно темпо од претходните проценки, главно заради должничката криза во Европа и инфлацијата. Евентуална закана по растежот е напнатоста на Блискиот Исток и Северна Африка, а во целата ситуација посекако не помагаат политичките препирки во Вашингтон, смета институцијата.

Во извештајот на Светската банка објавен вторникот стои дека економијата во светот годинава ќе забележи раст од само 2,5%, а во САД од само 2,2%. Економиите во подем ќе пораснат за 5,4%, што е за речиси 1% пониско од претходните проценки.

Намалената побарувачка од Европа и развиените држави од други делови на светот е една од причините поради кои треба да се очекува намалена трговска размена на глобално ниво, заедно со намалувањето на цените и профитот за производителите на нафта, храна и други добра. Рецесијата во богатите земји ќе значи и помал број на новоотворени работни места и помали приходи за имигрантите кои вообичаено испраќаат пари за семејствата во земјите од каде потекнуваат.

Авторите на извештајот ги повикаа земјите во развој да ги „проценат своите слабости и да се подготват за натамошни шокови.“ Тие потенцираат дека поголемиот дел од ресурсите што земјите ги користеле да се справат со финансиската криза во 2008-та година веќе се употребени, така што имаат помалку средства на располагање.

XS
SM
MD
LG