Линкови за пристапност

Бавно закрепнување на економиите во Западниот Балкан

  • Гоце Јаневски

Економскиот растеж во регионот на Западниот Балкан ќе остане анемичен на 1,2%, наведува Светската банка во својата проекција за 2013-та. Банката оценува дека тоа е незначителен пораст, со оглед на фактот дека растежот во 2012-та изнесуваше 0,9%.

Нестабилното економско опкружување и продолжителната рецесија во еврозоната остануваат едни од предизвиците за економскиот раст на Западниот Балкан. Според глобалната финансиска институција, предизвиците, пред се`, се однесуваат на финансиите, трговијата и девизните дознаки - области во кои регионот е тесно поврзан со еврозоната.

Од почетокот на финансиката криза, јавниот долг во регионот во просек пораснал значително: од 28.3% во 2008-ма, до 45.5% во 2012-та. Долговите од 62% во Албанија и 54% во Србија се товар за јавните финансии на овие земји, оценува Банката. Институцијата елаборира дека создавањето на новите работни места е забавено, а невработеноста останува на високо ниво. Особена причина за загриженост е невработеноста на младите и долготрајната невработеност во регионот. Од Банката препорачуваат да се подобрат основите за економското закрепнување и да му се овозможи на приватниот сектор да создаде нови работни места.
XS
SM
MD
LG