Линкови за пристапност

Жените и правдата


Жените и правдата
Жените и правдата

Обединетите нации во нов извештај велат дека и покрај тоа што минал еден век на проширување на законските права на жените во светот, стотици милиони се` уште не ги уживаат тие придобивки. Една од најновите агенции на ОН, „Жени на ОН“ објави што планираат официјалните лица за подобрување на статусот на пристапноста на правдата за жените.

Правата на жените во светот минаа долг пат во изминативе 100 години. Во 1911, само две држави им дозволуваа на жените да гласаат. Сега тоа право е нашироко применувано. Жените исто така претставуваат поголем дел од членството во парламентите од кога било порано.

Но Лаура Таркет од агенцијата на ОН вели дека борбата на жените за полова еднаквост не е завршена. Таа е водечки автор на првото истражување за пристапот на жените до правдата:

„Мислам дека има значителен напредок, но понекогаш има процеп меѓу законите и нивната имплементација“, вели таа.

Извештајот е насловен „Напредок на жените во светот: Во потрага по правдата“. Таму стои дека и во богатите и во сиромашните земји правосудните системи потфрлаат во однос на жените.

Помошникот на генералниот секретар на „Жените на ОН“ Лакшми Пури за Гласот на Америка кажа дека извештајот повикува на поголема обука на жените за владини позиции и полицијата како начин да се подобри овој проблем.

Таа исто така посочува на студија од 2009 која најде дека во европските држави каде е пријавено силување 14 проценти случаи завршиле со осуда на извршителот, но во некои држави тој процент е дури под пет.

Пури вели дека овој проблем е во срцевината на една од препораките – правосудниот систем да се среди за да ги мотивира жените повеќе да пријавуваат кривични дела против нив.

XS
SM
MD
LG