Линкови за пристапност

Според Светската метеоролошка организација глобалното затоплување влијае на појавата на екстремни временски услови.

Според извештајот објавен од Светската метеоролошка организација, 2016-та веројатно ќе го надмине рекордот од претходната година.

„Уште една година. Уште еден нов рекорд. Највисоките температури што ги имавме регистрирано во 2015-та година се надминати во 2016-та“, кажа генералниот секретар на организацијата Петери Талас. „Екстра топлината што ја донесе Ел Нињо исчезна, но топлината од глобалното затоплување останува“.

Според организацијата, прелиминарните податоци од 2016-та покажуваат дека глобалните температури се зголемени за 1,2 степени Целзиусови.

Температурите од јануари до септември годинава биле за околу 0.88 степени Целзиусови повисоки во споредба со периодот помеѓу 1961 и 1990 година.

Во некои делови од светот дури имало поекстремни температури.

„Во делови од Русија, регистрирани се температури кои се за шест до седум степени Целзиусови над просечните. И во многу други делови од Русија, Аљаска и северозападна Канада се забележани температури кои се за 3 степени над просечните“, вели Талас.

Глобалното затоплување влијае на појавата на екстремни временски услови.

„Се` почести се топлотните бранови и поплавите, а нивото на морињата континуирано се зголемува“, вели Талас.

Тој додава дека се работи на помагање на државите да го намалат ефектот на стаклена градина, предизвикан од штетните гасови.

Според него прецизните климатски прогнози може да им помогнат на луѓето подобро да се адаптираат на климатските промените.

„Потребно е навремена реакција посебно во земјите во развој“, вели Талас.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG