Линкови за пристапност

Зимата во САД не се предава


И снег, и дожд: еден од ретките туристи средата наутро пред зградата на Конгресот на Капитол Хил, на почетокот на големото зимско невреме што го зафати Вашингтон

И снег, и дожд: еден од ретките туристи средата наутро пред зградата на Конгресот на Капитол Хил, на почетокот на големото зимско невреме што го зафати Вашингтон

Метеоролозите прогнозираат преку 25 сантиметри снег во околината на Вашингтон; десетици илјади домови без електрична енергија; владата затворена.

Големо, доцно зимско невреме го погоди главниот град на САД, поради што владините агенции останаа затворени, а жителите се подготвуваат за нови прекини на електрична енергија.

​Средата попладне во Вашингтон интензивно врнеше снег, а метеоролозите прогнозираат преку 25 сантиметри снег во околината. Канцелариите на федералната агенција поради невремето не отворија за работа.

Службите за вонредни состојби ги третираат патиштата со песок и сол, а локалните власти апелираа до жителите без потреба да не излегуваат од дома. Според портпаролот на Доминион пауер, ​локалната комапнија за достава на електрична енергија, во темница, уште на самиот почеток на невремето, се десетици илјади домови.

​Националната метеоролошка служба јави дека невремето ќе продолжи да се движи нагоре по источниот брег и ќе донесе снег во Њујорк петокот наутро. Метеоролозите предвидуваат 30-тина сантиметри бела покривка во делови на Пенсилванија, Мериленд и Вирџинија. Студениот бран претходно покри делови од Монтана, на северот на САД, со 60 сантиметри снег.

​Откажани се над 1,000 летови на двата главни аеродрома во Чикаго и стотина на главниот аеродром во близината на Вашингтон.
XS
SM
MD
LG