Линкови за пристапност

Шумскиот пожар во Колорадо се заканува на Воздухопловната академија


Опустоши над 2.000 хектари и принуди евакуација на 32.000 лица.

Шумскиот пожар што беснее во западната сојузна држава Колорадо принуди евакуација на 32.000 лица од своите домови, меѓу кои и оние кои живеат во Американската воздухопловна академија.

Властите соопштија дека пожарот во Кањонот Валдо уништил неколку дома во областа на градот Колорадо Спрингс, меѓу кои и стар ранч што годишно го посетуваат стотици туристи. Патиштата се преполни со возила во кои жителите бегаат пред огромните облаци од чад на хоризонтот.

Пожарот опустоши над 2.000 хектари земјиште откако започна саботата во Националната шума Пајк. Досега се локализирани само 5%, а отежнителна околност се рекордно високите температури од над 37 Целзиусови степени.
XS
SM
MD
LG