Линкови за пристапност

Затворен тротоар околу Белата куќа


Властите велат дека со тоа ќе се намали шансата лица да можат да ја прескокнат оградата

Како одговор на неколкуте инциденти на прескокнување на оградата околу Белата куќа, тротоар во близина на резиденцијата на претседателот Доналд Трамп, сега и официјално е затворен.

Тротоарот по должината на оградата на јужниот дел на Белата куќа беше и официјално затворен. Претходно забраната за движење на оваа локација важеше само за вечерните часови.

„Ова ограничување е дел од тековниот сеопфатен преглед на привремените и постојаните безбедносни мерки во комплексот“, се вели во соопштението на Тајната служба.

Директорката за комуникации на службата, Кети Милхоан за локалната радио-станица WTOP, кажа дека затворањето не е одговор на каква било специфична закана.

Сепак, едно лице минатиот месец ја прескокна оградата, и околу Белата куќа поминало 17 минути, пред да биде уапсено. Наводно, лицето било во можност да погледне преку прозорците и да се приближи до една од вратите.

Тротоарот е популарен меѓу туристите, затоа што нуди препознатлив поглед на домот на претседателот. Милхоан вели дека луѓето се` уште ќе бидат во можност да фотографираат, но на оддалеченост од околу 25 метри.

На почетокот на годинава беше одобрен план за изградба на повисока ограда околу Белата куќа. Работите треба да започнат кон крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG