Линкови за пристапност

Употреба на сила против Исламската држава?


Белата куќа најави дека преседателот Обама е подготвен да соработува со Конгресот на мерка што би му дала вакво овластување

Белата куќа најави дека претседателот Барак Обама сака да соработува со Конгресот на мерка што би го овластила да употреби сила против Исламската држава.

САД во моментов се на чело на меѓународната коалиција којашто врши воздушни напади против милитантите во Ирак и Сирија. Но, Обама претходно има кажано дека во акцијата во Ирак нема да бидат вклучени копнени сили, односно дека американските војници, коишто пружаат помош на Ирачаните во борбата против тероризмот, нема да бидат вклучени во борбени дејствија на теренот.

Соопштението на Белата куќа не даде детали за евентуалната употреба на сила против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG