Линкови за пристапност

Западниот Балкан и бегалската криза


Западниот Балкан и бегалската криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Приливот на бегалци во Европа, вклучително и во балканските држави се` уште претставува предизвик за владите, покажа дебатата во Германскиот Маршалов фонд на САД во Вашингтон

Бегалската криза е една од најголемите предизвици со кои се соочува Европа. Проблемот има политичко, економско и безбедносно влијание врз Унијата, но и во земјите на бегалската рута, како што е Западниот Балкан, смета Џонатан Кац од Германскиот Маршалов фонд на САД:

„Kризата е доминантно прашање во многу избори. Знаеме каква улога ова прашање има за време на изборната кампања во Германија, но исто така пошироко во Европа и САД.“

И покрај договорот на Европската унија со Турција за затворање на балканската рута, само во првата половина на 2017-та година 85.000 илјади лица успеале да стасаат до Европа, наведува Кац.

Тој смета дека разрешницата на кризата ќе има влијание врз националната безбедност, економскиот раст, демографските трендови и на општествената кохезија во Европа и во Западниот Балкан, каде владите и јавноста дебатираат за интеграцијата на барателите на азил и намалувањето на безбедносните ризици.

„Имаме слаби економии и проблеми со невработеноста, но има едно прашање кое сакам да го истакнам, кое е поврзано со интеграцијата. Кога зборуваме за бегалците, зборуваме како за некој кој треба да остане, за кој треба да се платат трошоци. Никогаш не сме обиделе да дознаеме кои се вештините и образованието на овие луѓе на пример,“ вели Владимир Петронијевиќ, извршен директор на невладината организација, Група 484 со седиште во Белград.

Тој не е изненаден што бегалците станаа важно прашање во односите помеѓу двете главни политички партии во Македонија, и додава дека политичкиот дискурс може да се промени и да се дебатира за позитивниот аспект од миграцијата.

Петронијевиќ вели дека овој аспект малку се дискутира во јавноста, затоа што дебатата ја водат десничарите, кои манипулираат со прашањето.

Собирот ја остави отворена дилемата дали продолжителната мигрантска криза за Европа ќе донесе позитивни економски ефекти, односно како Унијата ќе се справи со ситуацијата што во крајна линија ќе ги детерминира релациите Европа – Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG