Линкови за пристапност

Трета жртва на западнонилската треска

  • Соња Трајковска

Двеипол годишно девојче од Скопје почина од западнонилската треска во Македонија.

Девојчето подолго време било хоспитализирано на Детската клиника. Според директорот на Инфективната клиника Звонко Миленковиќ, детето починало во неделата а објаснувањето, зошто дури денес се објавува информацијата, е дека лекарите се обидувале да ја пронајдат врската на овој вирус и апластичната леукемија, од која во меѓувреме било утврдено дека боледува девојчето.

„Се` уште чекаме резултат кој ќе ни докаже дека постои каузална поврзаност меѓу присуството на позитивниот наод на западнонилската треска и причината за неповолниот исход од лекувањето. Станува збор за тежок, хеморагичен, фебрилен синдром, невообичаена клиничка манифестација на оваа болест и невообичаени сиптоми на западнонилска треска. Не станува збор за нов клинички синдром, туку за синдроми кои биле познати и третирани“, изјави д-р Миленковиќ.

Засега нема нови сомнителни случаи на западнонилска треска. На Клиниката за детски болести се наоѓа уште едно дете со како што велат лекарите, полесна форма на болеста, додека другите двајца се излекувани и пуштени дома. Вкупно досега беа регистрирани шест случаи на заболени со вирусот кој го пренесуваат тнр. тигрести комарци. Тројца од нив починаа. Освен првиот пациент, 53 годишната жена, која била во Грција по што побарала лекарска помош, сите други се заразени во Македонија. Викендов заврши вонредното прскање против комарци на 11 локации, што беа посочени како потенцијални жаришта.
XS
SM
MD
LG