Линкови за пристапност

Студот попушта


До крајот на неделата САД ги очекуваат нормални температури за ова време на годината.

Американците може да здивнат по рекордно ниските темератури што однесоа најмалку 20 животи - метеоролозите најавуваат потопло време на Средниот Запад уште утре, а на источното крајбрежје до крајот на неделата.

Крајот на поларниот воркес го поздрави авионската индустрија - последниве четири дена беа откажани 11.000 лета. Арктичките временски услови го отежнаа и железничкиот и патниот сообраќај, а беа затворени и илјадници училишта. Силните ветришта ја направија состојбата полоша и постудена, парализирајќи голем дел од животот во Чикаго, Минеаполис, Вашингтон, Њујорк и Бостон.

Во сите 50-те сојузни држави беа регистрирани температури под точката на мрзнење.
XS
SM
MD
LG