Линкови за пристапност

Источниот дел на САД се` уште се опоравува од Ајрин


Источниот дел на САД се` уште се опоравува од Ајрин

Источниот дел на САД се` уште се опоравува од Ајрин

Жителите на источните делови на САД се` уште се опоравуваат од Ајрин, ураганот што ослабе во тропска бура, со населби отсечени заради поплавите и училишта затворени заради немање струја.

Работниците за вонреднии состојби започнаа по воздушен пат да доставуваат храна и вода до илјадници луѓе во Вермонт кои се отсечени заради однесени мостови и патишта во поплавите што се најлоши во историјата за оваа држава во изминатиот век.

Во државата Њу Џерси спасени се стотици од поплавени домови.

Ајрин се смета за одговорна и за најмалку 43 загинати лица во континентални САД и пет смртни случаи на Карибите. Претседателот Барак Обама во среда потпиша декларација за државите погодени од природна катастрофа Северна Каролина и Њујорк.

Високи претставници на администрацијата на Обама во среда ги посетуваат погодените области.

Ајрин во саботата најмногу дожд истури на Северна Каролина пред да се придвижи по источнито крајбрежје и да ослабе во тропска бура. Големо количество дожд добија области на Вермонт, Њу Џерси и државата Њујорк, предизвикувајќи излевање на потоци и реки, и милиони луѓе низ регионот оставајќи без електрична енергија.

Во меѓувреме тропската бура Катја, следната голема бура на Атлантикот оваа сезона, може да стане ураган во среда. Метеоролозите велат дека временскиот систем, лоциран во Атлантскиот океан, ќе стане ураган од категорија еден на скалило од пет категории, додека се движи северозападно. Тие велат дека е прерано да се предвиди патеката по која Катја ќе се движи.

Почетокот на септември нормално е врв на ураганската сезона. Стручњаците прогнозираат активна сезона 2011-та со осум до десет можни урагани, што би било повеќе од нормалното.

XS
SM
MD
LG