Линкови за пристапност

Индија купила двојно повеќе оружје


Нов извештај покажува дека увозот на оружје во Азија се проширува

Шведски истражувачки институт вели дека Индија – најголемиот светски увозник на оружје – повеќе од двојно го зголемила купувањето на оружје во текот на последниве пет години.

Во студија објавена во понеделник, Меѓународниот истражувачки институт за мир во Стокхолм кажа дека индискиот увоз на големо оружје пораснал за 111 проценти меѓу 2009 и 2013, споредено со претходниот петгодишен период.

Извештајот кажа дека индиските нарачки на оружје сега сочинуваат 14 проценти од глобалниот збир. Тоа е речиси три пати повисоко од двата следни најголеми купувачи на оружје, Кина и Пакистан.

Во целина, институтот вели дека меѓународните трансфери на крупно конвенционално оружје нараснале за 14 проценти во изминатите пет години. Петте најголеми снабдувачи со оружје во светот се САД, Русија, Германија, Кина и Франција.

Студијата вели дека Азија го води растечкит тренд во увоз на оружје, примајќи 47 проценти од сите трансфери на оружје. Притоа Кина и САД „се чини дека го користат доставувањето на оружје во Азија за зајакнување на нивното влијание во регионот.“
XS
SM
MD
LG