Линкови за пристапност

Четириесет години од Вотергејт


Викендов се навршија 40 години од најголемиот скандал во историјата на Вашингтон

Ричард Никсон, во 1974, стана прв и единствен американски претседател да си даде оставка на функцијата.

„Јас ја напуштам претседателската функција и тоа влегува во сила утре на пладне“, рече Никсон.

Оставката на Никсон ја запрепасти јавноста. Тоа беше резултат на скандалот познат како Вотергејт.

Во комплексот Вотергејт беше седиштето на Демократската партија , каде полицијата откри петмина кои се обиделе во него да упаднат, пред 40 години.

Тоа откритие се потпираше на оваа врата, сега на исложба во Њузеумот во Вашингтон.

Кери Кристоферсен е кустос во музејот:

„Врата од Вотергејт што била провалена и откриена од чувар е тоа што претходеше на она што денеска го знаеме како Вотергејт, што не е само хотел, туку скандал што го собори претседателот“.

Двајца новинари на весникот Вашингтон Пост, Боб Вудвард и Карл Бернштајн, ја истражуваа провалата и откриле врска со никсоновата Бела куќа.

Вудвард неодамна зборуваше за истрагата во Њузеумот:

„Ние ги именувавме луѓето во специфични акти на учество во криминалниот заговор со главна цел да го уништат слободниот изборен систем што го имаме во оваа земја, да шпионираат и да ги саботираат демократите“.

Никсон негираше инволвираност:

Четириесет години од Вотергејт
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00
Direct link
„Народот треба да знае дали нивниот претседател е кримининалец. Јас не сум криминалец“.

Јас ја напуштам претседателската функција и тоа влегува во сила утре на пладне
Ричард Никсон

Холивуд ја драматизираше Вотергејт во филмска верзија на книгата на Вудвард и Бернштајн „Сите луѓе на претседателот“.

„Само следете ја трагата на парите“, беа зборови на изворот, познат како „Длабоко грло“. Тој се откри себе си повеќе од 30 години подоцна, како врвен претставник на ФБИ, Марк Фелт.

„Во еден момент Марк Фелт ми кажа дека влогот е толку голем во Вотергејт што верува дека има прислушкување и дека животи може да се во опасност“, рече Вудвард.

Децении по заминувањето на Никсон, комплексот Вотергејт останува, како потсетување на политичкиот скандал со најголеми последици за Америка и за улогата на слободниот печат.
XS
SM
MD
LG