Линкови за пристапност

Глобалната вода под закана


Научниците на средба во Бон, Германија, неделава дискутираат што може да се стори за зачувување на глобалните системи за вода.

Додека некои се` уште дебатираат до кое ниво луѓето влијаеле на животната средина, кај научниците кои се на средба во Бон нема дилема. Всушност, има и име за неформалната геолошка епоха за која велат дека човечката активност ја предизвикала – Антропоцена. Научниците сега дебатираат дали треба официјално да биде вклученa во Геолошката временска скала.

Аник Бадури е раководител на Проектот на глобални системи на вода со седиште во Бон. Тој вели дека човечката активност игра централна улога во индукција и влијание на промените во глобалните водени системи.

Проектот има глобален поглед на човечките ефекти на системот на води, а не само едноставно да ги проучува локалните средини. Тој вели дека тоа „ја менува играта“ во истражувањето на животната средина.

„Луѓето влијаат на глобалните водени системи преку градење брани, преку промена на употребата на земјиштето ... и колку тоа е поголемо, поголеми се и последиците од нив.“

На пример, документ на Програмата за геосфера и биосфера вели дека во просек човештвото секој ден градело по една голема брана за последните 130 години. Десетици илјади големи брани сега пореметуваат природни текови на реките чии екосистеми и воден живот во нив се адаптирал во текот на илјадници години.

Истиот документ вели и дека подземната вода и вадењето на хидројаглен во ниските крајбрежни области предизвикаа многу речни делти да потонат. Тоа ги остава крајбрежјата ранливи на невреме и цунами. Освен тоа, денеска луѓето преместуваат повеќе камења и седимент од различни причини, отколку мразот, ветрот и водата заедно. Сушењето на мочуриштата ја отстранува природната бариера против поплави.

Начинот на кој се движат глобалните водени системи може да стигнеме до точка кога не ќе може да се стори ништо состојбата да се поправи, вели Бадури.

Ко-претседателот на проектот, Чарлс Воросмарти, вели дека секоја година половина трилион долари вредни цевки, цемент, пумпи и хемикалии се фрлаат во вода, што создава технолошка завеса што ја одвојува чистата вода, и тие природни води под голем стрес само стојат во позадина.

По четиридневната средба во Бон се очекува коминике за следните чекори, да се помогне во поправање на ефектите од Антропоцената епоха.
XS
SM
MD
LG