Линкови за пристапност

Глобалната температура на Земјата во февруари повисока од просечната за 1,35 целзиусови степени - според нови податоци на НАСА

Порастот, кој се споредува со просечна основна линија од 1951-та до 1980-та, го надмина стариот рекорд кој е 1,15 степени целзиусови над просекот во јануари.

Според Боб Хенсон и Џеф Мастерс од интернет страницата Weather Underground, информацијата е шокантна и е уште еден потсетник за постојаното покачување на глобалната температура, што доаѓа како резултат од емисијата на издувни гасови од човекот.

Едно од објаснувањата за покачената температура е Ел Нињо во Тихиот океан, но според весникот Гардиан, температурите во февруари го соборија рекордот поставен за време на последниот Ел Нињо во 1998-ма.

XS
SM
MD
LG