Линкови за пристапност

Роботи наместо луѓе во редици за „Ajфон 7“


Идејата е на оператор на „Епл“ во Нов Зеланд.

Има решение ако не можете да застанете во редица за да го купите најновиот смартфон на „Епл“.

Сто жители на Нов Зеланд имаат роботи кои чекаат наместо нив, а пред продавниците се поставени уште од 9-ти септември.

Идејата доаѓа од операторот на „Епл“ во Нов Зеланд, „Спарк“, којшто за таа цел ги купил роботите „Алфа 1“. Нивните сопственици можат оддалеку да следат што се случува и да ги контролираат движењата преку апликација на мобилните телефони.

Штом ќе го купат новиот телефон, корисниците може да го задржат и роботот.

XS
SM
MD
LG