Линкови за пристапност

САД гласаат


Клинтон ги нарече изборите „тест на нашето време“, додека Трамп изјави дека „денес е нашиот Ден на независност“

Американците денес гласаат за претседател на САД, по долгата и горчлива изборна кампања, додека демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп користат последен момент да апелираат до гласачите.

Клинтон ги нарече изборите „тест на нашето време“, додека Трамп изјави дека „денес е нашиот Ден на независност“.

Клинтон беа во Северна Каролина, а Трамп во Мичиган, кога излегоа првите резултати од гласањето на изборниот ден.

Клинтон ги освои мнозинството гласови во Диксвил Нотч во Њу Хемпшир, победувајќи го Трамп со четири спрема два.

По отворањето на гласачките места во Вирџинија и во Њујорк, долги редици гласачи чекаат од раноутринава.

Резултатите од 50 американски држави и Вашингтон нема да се објават додека не се затворат сите гласачки места.

До осум вечерва, вашингтонско време, гласачките места во источните и во централните делови на државата ќе се затворат, група држави во кои се бројат повеќе од половината од 538 електорални гласови.

Клинтон имаше обединувачки говор во Северна Каролина, велејќи им на поддржувачите дека сака да биде претседател и на тие што гласаат за неа, но и на тие кои нема да и го дадат гласот.

Анкетите на изборниот ден покажуваат дека Клинтон води пред Трамп со два до три поени.

Десетици милиони Американци гласаа во рамки на раното гласање.

XS
SM
MD
LG