Линкови за пристапност

Порасна бројот на загинати во експлозиите во Русија


Сега цифрата е 34, откако уште три лица подлегнаа на повредите здобиени во бомбашките напади во Волгоград.

Руски официјални лица велат дека уште три лица починале како резултат на самоубиствените бомбашки напади во јужниот град Волгоград од неделата и понеделникот, правејќи цифра на загинати 34, со уште десетици повредени.

Никој се` уште не ја презеде одговорноста за нападите.

Руските власти го зголемија обезбедувањето во и околу Волгоград заради бомбашките напади.

Во понеделничкиот напад на тролејбус загинаа 16 и повредени беа 30 други. Ден пред тоа бомбаш-самоубиец детонирал експлозив на безбедносниот влез на главната железничка станица во напад што остави 18 мртви.
XS
SM
MD
LG