Линкови за пристапност

Нападнат новинар на Гласот на Америка во Азербејџан


Oбезбедувањето го нападналo дописникoт кој работи за Азербејџанскиот сервис додека новинарот покривал демонстрации во Баку.

Шефот на универзитетскиот безбедносен персонал се обидел да ја скрши камерата на Тапдик Фархадоглу, го удрил и го клоцнал во ногата, во обид да го натера да престане да ги снима демонстрациите. Фархадоглу, кој известува за Гласот на Америка повеќе од 10 години, подоцна им кажал на уредниците во Гласот на Америка дека повредите биле минорни.

Фархадоглу ги покривал демонстрациите на околу 500 студенти на државниот универзитет во Баку кои протестирале заради новиот систем на кредитирање. Студентите велат дека системот е дизајниран така да ги направи да му плаќаат повеќе на универзитетот. Тие исто така се бунеле заради широкораспространета корупција на универзитетот.

Обезбедувањето на универзитетот ги нападнало демонстрантите и привело 12 лица.Обезбедувањето исто така употребило физичко заплашување за спречување на новинарите да го покриваат настанот.

Менаџерите на Гласот на Америка изразија загриженост за третманот на Фархадоглу на протестот.
XS
SM
MD
LG