Линкови за пристапност

Главна причина е неизвесноста што ја донесоа политичките промени ширум Европа каде вчера граѓаните гласаа.

Акциите на светските пазари забележаа пад по изборите во Грција и Франција, а главно заради загриженоста за иднината на мерките за штедење за спас на економијата во евро-зоната.

Вредноста на акциите во Грција опадна за преку 7%, додека берзите во Германија и Франција забележаа пад за преку 1%.

Берзата во Јапонија го заврши денешното тргување со пад од 2,8%, додека индексот Сенг во Хонконг опадна за 2,6%.

Во Франција победи социјалистот Франсоа Oланд кој вели дека ќе се спротистави на мерките за штедење предводени од Германија, а наменети за проблематичните економии.

Европа потроши десетици милијарди долари на овие мерки, на два пати за Грција, а по еднаш за Ирска и Португалија, со дополнителен пакет помош што се очекува да стапи на сила во јули. За да се дојде до фондовите, ЕУ и ММФ инсистираа земјите да воведат остри мерки за штедење на буџетот.

На парламентарните избори во Грција победија токму партиите кои беа против воведување на овие мерки, а во тек е формирање на нова коалициона влада.

XS
SM
MD
LG