Линкови за пристапност

Денес пет селекции се борат за вториот круг


Вчера на Светското фудбалско првенство виза за понатаму обезбедија домаќинот Бразил, Мексико, Чиле и Холандија

Пет репрезентации се борат за две места меѓу вкупно 16-те што обезбедуваат натамошен пласман на Светското првенство во Бразил.

Во групата Ц, Колумбија игра против Јапонија, иако веќе има обезбедено понатамошен пласман. Брегот на Слоновата Коска, пак, ќе се пласира понатаму само со победа против Грција. И на Грција и Јапонија им е потребна победа за го продолжат натпреварувањето.

Во групата Д, Уругвај треба да ја порази Италија, додека на Италијаните им е потребен само бод за да продолжат понатаму.

Костарика веќе обезбеди пласман и се среќава со Англија, којашто е без победа ги загуби сите шанси.

Бразил, Мексико, Чиле и Холандија веќе го минаа групното натпреварување.

Бразил го порази Камерун во главниот град Бразилија со 4:1 и го освои првото место во групата А со седум поени. Мексико со победата против Хрватска од 3:1 исто така освои седум поени, но има послаба гол-разлика и се најде на второто место.

Во групата Б, Холандија со головите од двете замени го порази Чиле со 2:0. Обете репрезентации одат натаму.

Актуелниот шампион Шпанија ја победи Австралија со 3:0, но и двете репрезентации веќе ги спакуваа коферите.

Во следната рунда, Бразил се среќава со Чиле, а Холандија со Мексико.
XS
SM
MD
LG