Линкови за пристапност

Светската банка предупредува на ризик, но не и двојна рецесија


Светската банка предупредува на ризик, но не и двојна рецесија

Светската банка предупредува на ризик, но не и двојна рецесија

Директорот Роберт Зелик сепак посочи дека економскиот растеж најверојатно ќе остане на ниско ниво

Директорот на Светската банка Роберт Зелик вели дека верува оти светот ќе избегне двојна рецесија. Зелик ова го изјави денеска за време на посетата на Сингапур, каде учествува на конференција посветена на економската ситуација по падот на вредноста на акциите на светските берзи.

Зелик подвлече дека века верува оти САД и светот ќе избегнат двојна рецесија, но предупреди дека економскиот растеж најверојатно ќе остане на ниско ниво, како и дека шансите за напредок се неизвесни. Во интервју за телевизијата Блумберг, Зелик подвлече дека светот се движи кон „опасен период.“

Зелик во обраќањето на конференцијата кажа дека САД би можеле да ги разубедат светските пазари со чекори за забавување на растот на нивниот долг, наспроти големи скратувања на трошоците. Тој додаде дека азиските економии кои се развиваат со забрзано темпо, можат да помогнат со тоа што ќе инвестираат во земји во развој.

XS
SM
MD
LG