Линкови за пристапност

Во Тексас горат 63 пожари


Во Тексас горат 63 пожари
Во Тексас горат 63 пожари

Во југозападната сојузна држава Тексас диви пожари уништија 15 000 хектари површина

Американската сојузна држава Тексас се бори со диви пожари кои уништија стотици домови и изгореа близу 15 000 хектари почва.

Се јавува за две загинати лица од пожарите – една 20-годишна мајка и нејзиното дете, што не се евакуирале пред огнената стихија.

Шеесет и три нови пожари горат во Тексас, додека државата страда од најлошата суша во децении. Сувата земја и ветровите од тропското невреме Ли што дојде на копно во неделата од граничната држава Луизијана го поттикнаа огнот.

XS
SM
MD
LG