Линкови за пристапност

Шумски пожари во Калифорнија


Евакуирани најмалку 1.500 лица

Три шумски пожари, потпомогнати од силни ветришта, уништија голем број на домови и принудија евакуација на најмалку 1.500 лица во Калифорнија, според властите во оваа сојузна држава.

Само во градот Вид, пламените јазици голтнаа стотина домови.

Во централна Калифорнија, пожарникарите минаа цел цен градејќи заштитни насипи на влезот на Националниот парк Јосемити. Евакуирани се околу 600 жители од 200 домови.

Третиот шумски пожар е во област на 60-тина милји источно од Сакраменто.

Пожарникарите велат дека трите години на суша, заедно со силните ветришта и високи температури годинава создале идеални услови за пожарите.

XS
SM
MD
LG