Линкови за пристапност

Продолжува истрагата за смртта на Витни Хјустон


Продолжува истрагата за смртта на Витни Хјустон
Продолжува истрагата за смртта на Витни Хјустон

Ќе бидат потребни шест до осум недели за конечните резултати од аутопсијата.

Истрагата за причината за ненадејната смрт на Витни Хјустон засега е отворена. Медиумите откако беше најдено нејзиното безживотно тело во соба во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, на ден пред одржувањето на Греми, наведуваат дека таа со години се бореше со проблемот на зависност од дрогата.

Властите наведуваат дека ќе бидат потребни шест до осум недели за конечните резултати од аутопсијата. Според агенциските извештаи, во собата биле пронајдени неколку шишиња со таблети на лекарска рецепта. Засега нема индикации за насилна смрт или знаци на повреда.

Гласот на Витни Хјустон постави пример за генерации пејачки. Шесткратната добитничка на Греми на светот му остави незаборавни нумери како „I Will always Love You“, а на Американците им е во сеќавањата и со, според многумина, ненадминливата интерпретација на американската химна на финалето во американски фудбал 1991-вата.

XS
SM
MD
LG