Линкови за пристапност

Засилени техники на испрашување повторно во фокусот


Засилени техники на испрашување повторно во фокусот
Засилени техники на испрашување повторно во фокусот

Некои од републиканските претенденти за претседателската функција поддржуваат симулирано давење.

Американскиот претседател Барак Обама коментираше дека грешат оние кои се за враќање на праксата. Ова уследи по изјавите во дебатата кога републиканските претенденти за претседателската функција рекоа дека би биле подготвени повторно да ја воведат техниката за испрашување што симулира давење.

Обама притоа го повтори својот став дека ваквата пракса е тортура и оти секој кој ја разбира праксата, се согласува.

Испрашувањето што симулира давење тој рече дека се коси со американските традиции.

Идејата за повторно воведување на оваа техника ја споделуваат бизнисменот Херман Кејн и конгресменката Мишел Бакман, како и гувернерот на Тексас Рик Пери. Пери рече дека ја техниката за изнудување информации што би спасиле американски животи.

Но и конгресменот Рон Пол и поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хансман не се согласуваат со тоа. Пол подвлече дека техниката е илегална, додека Хантсман истакна дека таа и` штети на американската позиција во светот.

XS
SM
MD
LG