Линкови за пристапност

Вашингтон – моден инкубатор


Вашингтон – моден инкубатор

Вашингтон – моден инкубатор

Бизнисот во Вашингтон ДЦ е владата. Во потрага по разноликост и креирање работни места градот работи на градење нова индустрија, таква што обично се поврзува со Њујорк: модата!

Неодамнешната модна ревија за Џенет Пурсел заврши со аплаузи и овации. Таа минатата година го основаше брендот Мавен.

Пурсел отсекогаш ја интересирала модата, но се` до неодамна тоа не било нејзина кариера. Таа била адвокат во областа на трговијата, во меѓувреме дизајнирала и произведувала облека, а пред една година увидела дека не може да прави се` одеднаш.

„Сфатив дека дизајнирањето е она што ме прави навистина среќна и решив да се занимавам целосно со тоа“, изјави таа.

Пурсел своите креации ги опишува како „секојдневен луксуз за секојдневни жени“.

„Повеќето од нив се едноставни, но се направени од луксузен материјал во силни бои. Сакам да ги истакнувам линиите на женското тело и сакам во наследство да оставам нешто што може да се толкува како вечен гламур“, подвлекува оваа дизајнерка.

Пурсел е една од четирите локални дизајнери избрани да бидат дел од програмата Моден инкубатор на ДЦ, во рамки на Фондацијата за мода со седиште во Вашинтон.

Кристин Брукс-Кропер го води проектот што почнал да функционира од јануари.

„Овде сме за да ги охрабриме, да им бидеме ментори, за да можат да излезат на пазарот и да бидат успешни“, изјави таа.

Дизајнерите имаат 24-часовен пристап до студијата опремени со машини за шиење, кукли и огромни работни маси. Тие воедно можат да се консултираат и со експерти.

Брукс-Кропер вели дека се` се сведува на економијата:

„Се залагаме за поголемо производство, за да кажеме дека навистина имаме модна индустрија во Вашингтон“.

А овде навистина има побарувачка. Неодамнешна студија покажува дека жителите на главниот град трошат речиси двојно повеќе од просечниот Американец, на облека и чевли. Барем некои од нив се грижат за тоа како изгледаат.

XS
SM
MD
LG