Линкови за пристапност

Нови протести на „Окупирај го Вол Стрит“ по судирот со полицијата


Нови протести на „Окупирај го Вол Стрит“ по судирот со полицијата

Нови протести на „Окупирај го Вол Стрит“ по судирот со полицијата

Шефот на полицијата во Окланд Хаурд Џордан вчера нареди да се спроведе истрага за наводот дека полицајците употребиле прекумерна сила во обидот да ги растераат демонстрантите.

Преку 1.000 активисти од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ доцна синоќа се вратија на плоштадот во Окланд, сојузната држава Калифорнија, откако во претходен судир со полицијата сериозно беше повреден еден демонстрант.

Активистите велат дека 24-годишниот ветеран од ирачката војна Скот Олсен претрпел фрактура на черепот кога полицијата се судрила со демонстрантите кои се обиделе да одржат протест на плоштадот од каде биле претходно избркани поради незаконско кампување.

Полицијата употребила солзавец и лажни куршуми во обид да ги растера демонстрантите од кои некои фрлале камења, боја и други предмети врз полицијата.

Шефот на полицијата во Окланд Хаурд Џордан вчера нареди да се спроведе истрага за наводот дека полицајците употребиле прекумерна сила во обидот да ги растераат демонстрантите.

Градските власти најавија дека дека ќе им дозволат на демонстрантите да се собираат од 6:00 до 22:00 часот, но дека нема да дозволат кампување на јавни локации.

XS
SM
MD
LG