Линкови за пристапност

Шест месеци на движењето Окупирај го Волстрит


Судир со полицијата на демонстранти кои се собраа за одбележување на настанот во парк во Њујорк.

Демонстрациите со кои одбележуваа шесте месеци од почетокот на движењето Окупирај го Волстрит во парк во Њујорк, завршија со конфликт со полицијата.

Кордон полицајци беа распоредени во паркот Зукоти во близина на зградата на Волстрит нешто пред полноќ во саботата и уапсија десетина лица кои се обидувале да постават шатори.

Демонстрантите се собраа како дел од кампањата да привлечат внимание кон американската политика за која велат дека е одговорна за економската нееднаквост.

Полицијата успеа да го расчисти паркот, но некои од демонстрантите беа и натаму присутни. Движењето Окупирај го Волстрит поттикна слични демонстрации ширум САД и светот.

XS
SM
MD
LG