Линкови за пристапност

Се` повеќе насилство во филмовите


Истражување на Американската академија за педијатрија

Насилството во филмовите двојно се зголемило од 1950-та, а од 1985-та има тројно повеќе сцени на насилство со оружје, според новото истражување на Американската академија за педијатрија.

Инсерт од „Капетанот Филипс“ со Том Хенкс

Инсерт од „Капетанот Филипс“ со Том Хенкс

Академијата наведува дека насилството главно е застапено во филмовите од категоријата ПГ-13, кои не се препорачуваат за деца помлади од 13 години.
Истражувачите утврдиле дека има насилство во секој петминутен сегмент во една половина од 30-те најгледани филмови од 1950-та, како и присуство на оружје во сегментите со насилство од 1985-та, кога за прв пат започна да се употребува категоријата ПГ-13. Токму овие филмови се најпродаваните, и особено привлечни за младите.

Севкупно, насилните сцени бележат пораст секоја година од 1985 до 2012-та. Гледано по категории, насилството е во благо опаѓање во филмовите означени со Г (што може секој да ги гледа) и со ПГ (се препорачува родителски совет, бидејќи можеби содржат сцени што не се соодветни за децата). Обемот на насилство не се променил во филмовите означени со Р, што младите под 17 години може да ги видат само во присуство на родител. Во филмовите од категоријата ПГ-13, насилството е во пораст, толку многу што од 2009-та го има повеќе отколку во оние обележани со Р.

Голем број истражувања на оваа тема укажуваат дека самото присуство на оружјето во филмовите може да поттикне агресија.

Дури и младите да не употребат оружје, истражувањето покажува дека тие се изложени на се` повеќе насилство со оружје во најпопуларните филмови
„Дури и младите да не употребат оружје, истражувањето покажува дека тие се изложени на се` повеќе насилство со оружје во најпопуларните филмови“, наведува Американската академија за педијатрија.

Институцијата истовремено стравува од уште поголем ефект поради се` пошироката достапност на филмовите, благодарение на Интернет и кабловската телевизија.
XS
SM
MD
LG