Линкови за пристапност

Обожавателите на Фејсбук го сакаат актерот Вин Дизел


Фотографијата на Вин Дизел со куче, генерирала над 7 милиони кликови од обожавателите

Според фирмата за истражување на социјалните медиуми Краун Тенгл, што ја објавува листата на таканаречените најголеми приказни на Фејсбук за 2015-та, два поста од овој актер се нашле на листата на 10-те, најкоментирани и најсподелувани.

Додека очекувате на листата да доминираат големи новинарски стории како терористичките напади во Париз или вести за Доналд Трамп, од Краун Тенгл, велат дека „прашања врзани со животните стил привлекуваат најголемо внимание“.

На оваа листа се вклучени рецепти, меѓународни приказни танцувања, пеења и теми врзи со родителството. Една заедничка работа на сите? Сите 10 се или - снимено видео или фотографии.

Фотографијата на Вин Дизел со куче, генерирала над 7 милиони кликови од обожавателите. На петто место се најде уште една фотографија од Дизел со бебе – 7, 9 милиони кликови.

Првото место на листата и` припадна на фотографија од дете кое ја победило болеста рак.

Компанијата Краун Тенгл го спроведува рангирање базирано врз колку кликови, споделувања и коментари од обожаватели имаа зад определен пост, при надгледување на, како што велат, „стотици илјади“ профили на познати и непознати на популарната социјална мрежа Фејсбук.

XS
SM
MD
LG