Линкови за пристапност

Карневалот во Вевчани – голема туристичка атракција


Продолжува традицијата на приредување театар под отворено небо

Уште еднаш Вевчанци го претставија својот ведар и непокорен дух преточен во вековната традиција на Вевчанскиот карневал.

Голем број маски продефилираа по горното и долното маало во селото, покажувајќи им на илјадниците посетители дека умеат да бидат сатирични и во карневалски дух да ги пресликаат настаните и личности кои ја одбележаа изминатата година.

Оригинална вевчанска кујна, странски инвестиции, студентски протести, сатирична приказна за ЕВН, Баба Рада, Македонија пат, убавици, старци, принцези, освен традиционалните - Зет, Невеста и Глупавиот Август беа дел од маските на годинешното карневалско издание.

Vevcani 1
Vevcani 1

„Болна власт, уште поболна опозиција“, „Јужен поток „Гес’пром“, „Летаме за Европа“ - беа само дел од паролите на василичарите кои ги изнесоа низ вевчанските улици.

Вевчани, или како што сакаат да се нарекуваат „Република Вевчани“, има повеќе од 200.000 граѓани кои го поседуваат и познатиот вевчански пасош.

Вевчанскиот василичарски карневал со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, стана голема туристичка атракција.

Vevcani
Vevcani

Карневалот секоја година започнува на 13-ти јануари со богата културно-уметничка програма, а завршува на 14-ти јануари со ритуално палење на маските.

Карневалот започна со промоции на книги и уметнички изложби, а продолжи синоќа со концерти на македонската група „Суперхикс“ и хрватскиот состав „Прљаво Казалиште“. Вечерва ќе настапат „Љубојна“ и фолк-пејачката Елена Велевска.

Вевчанскиот карневал е член на Фондацијата на светските карневалски градови.

XS
SM
MD
LG