Линкови за пристапност

Втора републиканска претседателска дебата


Бизнисменот – милијардер и медиумска личност Доналд Трамп ќе биде централна фигура меѓу 11-те главни натпреварувачи

Вечерашнава, втора, републиканска претседателска дебата ќе се одржи во претседателската библиотека Роналд Реган во близина на Лос Анџелес.

Со бомбастични, самопромовирачки изјави, Трамп и натаму е во водство во бројни анкети на национално ниво. Повеќето од неговите ривали се очекува агресивно да настапат против него и да ја подобрат својата позиција на долгонајавуваната телевизиската дебата која ќе биде пренесувана на национално ниво.

Трамп на сцената ќе го придружуваат поранешниот претседател Џеб Буш, актуелните сенатори Марко Рубио, Ранд Пол, Тед Круз, актуелните гувернери на Висконсин, Њу Џерси, и Охајо, Скот Вокер, Крис Кристи, Џон Касик, поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, хирургот Бен Карсон, и поранешната директорка на компјутерскиот гигант Хјулит-Пакард.

Четири кандидати коишто имаат понизок рејтинг, гувернерот на Луизијана Боби Џиндал, сенаторот Линзи Греам, поранешниот сенатор Рик Санторум и поранешниот гувернер на Њујорк Џорџ Патаки, ќе се соочат на одделна дебата, два часа пред главниот настан.

XS
SM
MD
LG