Линкови за пристапност

Санторум го поддржа Ромни


Најважно од се` Обама да биде поразен во ноември, наведува поранешниот сенатор во писмото до своите симпатизери.

Поранешниот претседателски кандидат Рик Санторум го поддржа својот некогашен лут противник Мит Ромни за републикански кандидат за претседателските избори во САД во ноември.

Во писмото испратено по електронска пошта до своите симпатизери доцна синоќа и објавено на Интернет-страницата преку која ја водеше кампањата пред да одлучи да се повлече минатиот месец, Санторум наведува дека ја донел одлуката по минатонеделната директна средба со Мит Ромни во Питсбург, Пенсилванија. Поранешниот сенатор од оваа сојузна држава вели дека бил импресиониран од тоа како Ромни „длабоко ја препознал“ потребата да промовира иницијативи што, како што наведува, би го сочувале семејството како главен столб на нашето општество.

Санторум во писмото подвлекува дека со Ромни се согласиле дека најважно е претседателот Барак Обама да биде поразен на изборите во ноември.

Санторум на изненадување за многумина стана главен ривал на Ромни откако победи на прелиминарните партиски избори во 11 сојузни држави, со што ја доби поддршката на бројни конзервативци. Сепак тој минатиот месец се повлече од трката откако загуби на изборите во неколку клучни сојузни држави и значително заостана зад Ромни во бројот на делегати потребен за добивање на републиканската номинација.

XS
SM
MD
LG