Линкови за пристапност

Американците стануваат подебели побрзо


Американците стануваат подебели побрзо
Американците стануваат подебели побрзо

Речиси една третина од возрасната популација во 12 држави е со прекумерна тежина

Истражувањата се дел од извештајот што го изработија две приватни организации - Trust for America's Health и Robert Wood Johnson Foundation.

Таму стои дека стапката на дебели луѓе е зголемена во 16 сојузни држави од 2009-та во 2010-та, и се вели дека во јужниот дел на САД, или во девет од десет „најдебели“ сојузни држави, живеат најголем број на гојазни луѓе.

Дури и во централната сојузна држава со најмал процент на дебели луѓе - Колорадо, скоро еден од секои пет возрасни се смета за личност со вишок килограми и под зголемен ризик за заболување од дијабетес и срцеви болести.

Извршниот директор на Trust for America's Health предупреди дека резултатите од истражувањето се загрижувачки. Доктор Џеф Леви предупреди дека зголемувањето на стапката на дебели луѓе ќе има растечко влијание врз трошоците за здравствена грижа на национално ниво.

XS
SM
MD
LG