Линкови за пристапност

Муслиманите задоволни од животот во САД


Муслиманите задоволни од животот во САД

Муслиманите задоволни од животот во САД

Од терористичките напади во 2001-ва на Њујорк и Вашингтон, многу Американци се загрижени за потенцијалот на милитантство меѓу муслиманите кои живеат во САД. Ново истражување направено меѓу американски муслимани сугерира дека деценија по нападите, има малку поддршка за екстремизам

Истражувањето на Форумот Пју за религија и јавен живот е објавено воочи десеттата годишнина на нападите од 11 септември и крајот на муслиманскиот празник Рамазан.

Според истражувањето на над илјада американски муслимани, само еден процент кажале дека самоубиствените бомбашки напади и други форми на насилство против цивили се оправдани за одбрана на исламот од неговите непријатели.

Истражувачот Грегори Смит вели дека наоѓањето покажува многу малку поддршка за екстремизмот меѓу муслиманите во САД:

„Најголем број велат дека работи како самоубиствени бомбашки напади никогаш не можат да бидат оправдани. Тие велат дека имаат многу неповолно мислење за ал-Каида. Ние исто така најдовме дека муслиманите во САД се многу задоволни со нивниот живот. Тие се задоволни со нивните средини. Тие се задоволни со насоката во која оди државата.“

Смит забележува дека 81 процент од испитаниците кажале дека самоубиствените напади никогаш не може да бидат оправдани , што е над двојно повеќе споредено истражување направено во некои држави на Блискиот исток со мнозинско муслиманско население.

Истражувањето исто така нашло дека две третини од американските муслимани веруваат дека може да се најде начин Израел да постои така што ќе биде посветено внимание на правата на Палестинците. Истражувачите велат дека таа цифра е значително повисока отколку меѓу муслиманите на Блискиот исток.

Истражувањето на Пју покажува дека многу американски муслимани велат дека ги сакаат нивните заедници. Грегори Смит вели дека многу аспекти на животот, како рециклирање, гледање спорт и дружење преку социјални мрежи на Интернет, сугерираат дека тие многу наликуваат на останатиот дел на американската јавност.

„И по сето тоа, не смееме да занемариме дека муслиманите во САД имаат и значителни предизвици“.

Истражувачите забележуваат дека најголем дел од испитаниците кажале дека е многу потешко да се биде муслиман по терористичките напади од 2001-ва. Околу еден на пет испитаници кажал дека бил издвоен од аеродромско обезбедување за дополнително прегледување.

Сепак, речиси половина рекле дека муслиманските лидери во САД не сториле доволно за кревање на гласот против исламските екстремисти.

XS
SM
MD
LG