Линкови за пристапност

САД во нова мисија на Блискиот Исток


САД во нова мисија на Блискиот Исток
САД во нова мисија на Блискиот Исток

Во надеж дека ќе се избегне најавена конфронтација околу палестинската државност

Администрацијата на претседателот Барак Обама повторно испраќа овојпат двајца виши претставници за Блискиот Исток, во надеж дека ќе се избегне најавена конфронтација околу палестинската државност.

Мисијата на Дејвид Хејл и Денис Рос треба да биде уште еден дополнителен напор за одвраќање на Палестинците од намерата да бараат државност следната недела на средби на ОН во Њујорк – чекор на кој Израел силно се спротивставува.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека единствен начин да се дојде до трајно решение е преку преговори на Ерусалим и Рамалах, а не Њујорк.

Во меѓувреме турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на арапските министри во Каиро им порача дека Анкара го поддржува палестинскот обид за државност, велејќи дека тоа е обврска, а не опција.

XS
SM
MD
LG