Линкови за пристапност

Американски весници: Политичката напнатост може да ја дестабилизира Македонија


Американските медиуми ги следат настаните и актуелната политичка криза

Угледниот Фајненшал тајмс донесува: „Официјалните лица од ЕУ разгледуваат воведување санкции врз водечки политичари во македонската влада и замрзнување на амбициите на земјата за членство, како значителна ескалација на притисокот врз владејачката елита во Скопје, се вели во извештајот на дописникиот на Тајмс од Будимпешта.

Овој весник ја цитира најавата на еврокомесарот Јоханес Хан со која ги одложи преговорите во Виена, кои што требаше да одржат денес меѓу главните политички актери во земјата.

Понатаму, во извештајот на Фајненшал Тајмс се вели официјални лица од ЕУ разгледуваат воведување санкции, вклучувајќи и забрана за патувања за официјални лица. Овој извор за цитира изјавата на вишиот аналитичар од лондонската школа за економија Џејмс Кер – Линзи, кој за Фајненшал Тајм оцени дека ЕУ досега користела помек пристап на притисок за да ја врати Владата на вистинската патека кон ЕУ, но сега е веќе јасно дека властите во Скопје немаат добра волја за решавање на проблемите и не го почитуваат ветеното, и затоа ЕУ треба да воведе поригорозни мерки. Фајненшал Тајмс предупреди дека Брисел најверојатно ќе ги повлече поканите за Македонија од важни самити во Јули, вклучувајќи ја и поканата на присуство на самитите на НАТО во Варшава и за Западниот Балкан во Париз, ако нема подобрување на ситуацијата.

Вол Стрит Журнал со наслов дека се откажани разговорите за политичката криза меѓу ЕУ – Македонија, предупредува дека одложувањето на решавањето на политичката напнатост може да ја дестабилизира оваа балканска држава.

Весникот потсетува дека САД и ЕУ ја осудија одлуката на претседателот Иванов за масовно помилување на 56 политичари, кои се соочуваа со обвиненија од Специјалното јавно обвинителство за наводни злоупотреби на службените позиции. Вол Стрит Журнал цитира изјава од еврокомесарот Јоханес Хан, кој предупреди дека постојаното непочитувањето на Договорот од Пржино, ќе предизвика сериозни последици за државата. Истиот извор ја пренесува неговата изјава дека ЕУ, ќе биде принудена да преземе дополнителни чекори за да изврши притисок врз лидерите во Македонија, ако нема напредок во разговорите, заклучува Вол Стрит Журнал.

XS
SM
MD
LG