Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер во Белата куќа


Ирачкиот премиер во Белата куќа
Ирачкиот премиер во Белата куќа

Малики и Обама ќе разговараат за новото поглавје во односите по повлекувањето на американските војници.

Американскиот претседател Барак Обама и ирачкиот премиер Нури ал-Малики денес во Белата куќа ќе разговараат за иднината на Ирак откако кон крајот на месецот ќе заврши повлекувањето на американските војници од земјата.

Белата куќа најави дека на дневен ред ќе биде започнувањето на ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу САД и Ирак, како и енергетски и образовни прашања.

Обама и Малики ќе одржат прес-конференција по средбата, а ќе ги посетат и Националните гробишта Арлингтон близу Вашингтон, каде почиваат 4.500 војници кои загинаа во Ирак од почетокот на војната во 2003-та.

Малики пристигна во Вашингтон неделата, на вечера со американската државна секретарка Хилари Клинтон. За време на дводневната посета, тој треба да се сретне и со потпретседателот Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG