Линкови за пристапност

Волерс додели опрема, го повтори ставот за името

  • Соња Трајковска

Волерс додели опрема, го повтори ставот за името

Волерс додели опрема, го повтори ставот за името

Не сакаше да коментира на шпекулациите дека Грција ќе се повлече од Времената спогодба.

САД го поддржуваат процесот на преговори меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН и ќе се воздржат од коментар на грчките најави дека по пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, Атина можеби ќе се откаже од Времената спогодба.

На новинарско прашање на оваа тема, американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс денес само го повтори добро познатиот став.

„Ние го поддржуваме процесот во Обединетите Нации, ги охрабруваме двете страни да го решат овој проблем низ тој процес. Каков и да биде договорот за името на двете страни, ние ќе го поддржиме“, изјави Волерс.

А, американската поддршка за Македонија денес беше дополнета со уште една донација. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во македонското МВР доби специјализирана опрема за истражување вредна 104 илјади долари.

Волерс и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го потпишаа Писмото за донацијата, изразувајќи уверување дека со неа ќе се засилат капацитетите и перфомансите на оваа единица во спроведувањето на посебните истражни мерки особено во борбата против корупцијата.

За американскиот амбасадор, токму успехот во борбата против корупцијата е од круцијално значење за напорите на Владата во јакнењето на владеењето на правото на сите нивоа.

XS
SM
MD
LG