Линкови за пристапност

Забрзува американскиот економски растеж


Забрзува американскиот економски растеж
Забрзува американскиот економски растеж

Во денешниот извештај на владиниот Оддел за трговија се наведува дека американската економија во третиот квартал се зголемила за стапка на годишно ниво од 2,5%.

Американската економија во јули, август и септември забележала побрз растеж, онака како што растела потрошувачката.

Во денешниот извештај на владиниот Оддел за трговија се наведува дека американската економија во третиот квартал се зголемила за стапка на годишно ниво од 2,5%. Тоа е најбрзо темпо годинава и голем напредок во споредба со претходниот тримесечен период.

Според одвоен извештај, пак, бројот на Американци кои се пријавуваат за социјална помош поради невработеност минатата недела забележал мало опаѓање.

XS
SM
MD
LG