Линкови за пристапност

САД ги суспендираа економските санкции спрема Бурма и го именуваа првиот амбасадор во земјата по 20 години.

Одлуката ја соопшти американската државна секретарка Хилари Клинтон појавувајќи се заедно со нејзиниот бурмански колега Вуна Маунг Лвин, кој се наоѓа на прва официјална посета на Вашингтон за последниве децении.

Одлуката ја соопшти американската државна секретарка Хилари Клинтон заедно со бурманскиот министер за надворешни работи Вуна Маунг Лвин кој се наоѓа во посета на Вашингтон.

Клинтон истакна дека очекува американските компании да бидат во можност да соработуваат со сите бурмански сектори, со исклучок на локални компании кои не се придржуваат на американската политика на корпоративна одговорност.

Таа додаде дека Дерек Мичел, специјалниот претставник за Бурма во американскиот Стејт департмент, ќе биде првиот амбасадор на САД во оваа земја. За возврат, министерот Лвин најави дека и Бурма ќе испрати свој амбасадор во Вашингтон.

Клинтон кажа дека САД и натаму го задржуваат ембаргото за оружје спрема оваа земја во Југоисточна Азија.

XS
SM
MD
LG