Линкови за пристапност

Не само што ја менуваат исхраната на локалното население, туку имаат моќ да го променат изгледот на градските населби.

На фармата Екосити во сојузната држава Мериленд, природата дава благородна зимска жетва. Фармата е зелена точка во сиво предградие, полно со куќи, продавници и автосервиси. Марси Кларк дома ги школува своите деца. Денеска, имаат час за одржливо земјоделство на фармата.

„Важно е децата да ја разберат врската меѓу храната што ја јадат, почвата, воздухот, загадувањето, и како сето тоа е поврзано“, вели таа.

Фармата Екосити ја нагласува поврзаноста на сиромашната класа до ограничениот пристап до свежа храна. Основачката Маргарет Морган Хубард вели дека местото е оаза каде здравите животни навики фаќаат корен:

„Се` што правиме овде е демонстрирање како се создава одржлива заедница“, смета таа.

Тоа значи не само одгледување на храна, и кокошки, туку и подобрување на квалитетот на почвата.

Соседите како Крис Мос заедно со своите деца со велосипед доаѓаа на фармата да берат плодови. Петгодишниот Овен Мос вели дека ужива и сака да јаде зеленчук.

Ако успеете на петгодишник да му всадите навика да јаде зеленчук, тогаш има надеж за иднината.

XS
SM
MD
LG