Линкови за пристапност

ОМД: Виктор Фридман - Награда за животно дело


Во организацијата на Обединета македонска дијаспора наградите беа врачени на гала-вечера, пред бројни дипломати, претставници на медиуми и членови на македонската дијаспора од сите делови на САД

На традиционалната годишна средба на македонската дијаспора во САД, што викендов се одржа во Чикаго, беа доделени награди на тројца поединци кои според ОМД оставиле белег во промовирањето на македонската кауза и придонеле во зачувувањето и ширењето на македонскиот глас ширум светот. Професорот Виктор Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за словенски јазици и литеритури на Универзитетот во Чикаго беше одликуван со престижната Награда за животно дело. Режисерот Милчо Манчевски е добитник на Наградата на ОМД за македонско културно наследство, а бизнисменката од Чикаго, Катрина Марков, замина со Наградата за исклучителен успех во полето на бизнисот со нејзината компанија за производство на чоколади и слатки.

ОМД во Чикаго 3

ОМД во Чикаго 3

Во организацијата на Обединета македонска дијаспора наградите беа врачени на гала-вечера, пред бројни дипломати, претставници на медиуми и членови на македонската дијаспора од сите делови на САД.

Инаку, филмот „Мајки“ на Манчевски беше дел од Научната конференција за македонски студии при Универзитетот од Чикаго изминатиот викенд. Конференцијата се одржува секои три години веќе две и пол децении. На неа учествуваат реномирани лингвисти, слависти, историчари, антрополози и литературни истражувачи од полето на македонските студии.

По доделувањето на наградите на ОМД во хотелот Хилтон во Чикаго, неизбежен декор беа македонските ора и танци, со препознатливиот македонски мелос.

XS
SM
MD
LG